понедељак, 23. септембар 2013.

Одбојка

Одбојката е една од постарите спортски игри.Настанала пред кошарката и ракометот.Се игра во светот и кај нас.За играње треба да се совлада техниката на основниот минумум елементи.Пред  се првин треба да се совлада одбојкарските ставови.

Основно одбивање на топка во одбојката е едбивањето со прсти на дланки нас глава.Ученикот се поставува под топката со подготвени раце топката се пречекува-прифаќа и одбива со прсти.Дланките со прсти(од внатрешната страна) формираат сверична површина.Одбивањето на топка се изведува со движење-исправање на телото нагоре, започнува од стапалата па нагоре, тоа значи во одбивањето учествува цело тело, завршницата  е кај дланките.Одбивањето
на топката се изведува со прсти.

  


ОДБИВАЊЕ ТОПКА НАД ГЛАВА



ПРИФАЌАЊЕ ТОПКА ОД НАПРЕД И ОДБИВАЊЕ ПРЕКУ ГЛАВА КОН НАЗАД 



На кинограмот , обрнете внимание како ученикот го следи доаѓањето на топката , во зависност од неа, тој се мести под неа,зазеа среден одбојкарски став ,рацете за цело време се пред него во висина на глава.Ја прифаќа и со исправање ја одбива топката преку глава назад.

ШТО Е "ЧЕКАН" ВО ОДБОЈКАТА?

Приемот се користи за одбивање на сервисот на противникот. На тој начин што лактите се доближуваат, а дланките се поставени една над друга. На овој начин правиме чекан и ја одбиваме топката при сервисот на противникот.


ШТО Е СМЕЧ?


Смеч е најефикасен облик на испраќање на топката во полето на противникот.
Играчот кој ти ја потфрла топката над мрежата, ти треба да ја префрлиш со скок во височина на највисоко можна точка.Откако ќе ја префрлиш противникот треба да направи прием или блок и да ја одбие топката.



ШТО Е ШКОЛСКИ СЕРВИС?

За реализирањето на обичен школски низок сервис играчот (ученикот) низ тренажниот процес треба да го научи следното, а тоа е: попставување бочно кон мрежата, телото малку свиено напред и со едната нога во исчекор. Во левата рака се држи топката и тоа нешто пониско од половината на телото. Топката се исфрла не многу високо. Десната рака е испружена и со неа  замавнуваме. Со тупаница или пак со свиена дланка се реализира удирањето на топката оддолу. Тежината на телото од почетната фаза преога од десната на левата нога. Кај сервисот прво треба да се совлада правилното сервирање, а потоа треба да се совладува сигурната реализација  на определени места на противничкиот дел на теренот (прецизност).



Кошарка

КОШАРКАРСКИ СТАВ

Основниот кошаркарски став може 
да биде паралелен и дијагонален.
Паралелниот кошаркарски став
се изведува на следниот начин: стапалата се поставуваат паралелно, пошироко од 
рамената. Погледот е насочен нанапред, тежината на телото е подеднакво распоредена на предниот дел од двете стапала. Нозете се свиени во колената, 
трупот малку наведнат напред, едната 
рака се поставува кон топката, а другата каде што се упатува додавањето. При изведба на овој став треба да се внимава да не дојде до вкрстување на нозете и приближување на стапалата при движење.

Дијагоналниот кошаркарски ставсе карактеризира со тоа што стапалата се поставени косо (дијагонално) во однос на правецот на движењето. Растојанието помеѓу стапалата е малку пошироко од ширината на рамената. Колената се свиткани, а трупот е исправен нанапред. 
Погледот е напред и поголемиот дел од тежината на телото е на предниот дел од задното стапало. Предната рака е високо подигната, а другата се насочува во страна. 

ДРЖЕЊЕ НА ТОПКАТА ВО КОШАРКАТА

Во кошаркарската игра постојат повеќе 
начини на држење на топката. Најприфатливо 
е држење топка со две раце, бидејќи оваа 
техника претставува најсигурен начин да се 
сочува топката и овозможува добро да се 
додаде, шутне или да се изведе дриблинг. Техниката на држењето кошаркарска топка со две раце се изведува така што топката се држи во висина на градите, рацете се свиени во лактите при што левата шепа се поставува на едната, а десната на другата страна од топката, телото е во низок став, нозете се 
свиткани во колената. 

ПРИФАЌАЊЕ НА ТОПКАТА ВО КОШАРКАТА

Прифаќањето на топката е основен елемент во кошаркарската игра. За учениците најприфатливо е примањето на се раширени. Колената се во потклекната положба. Првиот допир на топката е со прстите, доаѓа до свивање на лактите и привлекување на топката кон градите што овозможува лесна амортизација помеѓу топката и дланките.

ДОДАВАЊЕ НА ТОПКАТА ВО КОШАРКАТА

Во кошаркарската игра додавањето на топката претставува технички елемент. Разликуваме повеќе начини на додавање на топката: додавање пред тело, зад тело, над глава, со две раце, со една рака, а ние ќе го обработуваме додавањето со две раце од гради и од подлога. Кај додавањето со две раце од гради, топката се држи во висина пред градите, дланките се странично поставени на топката и телото е во положба на низок став. Додавањето се изведува со испружување на рацете нанапред и истовремено се прави чекор со едната нога нанапред. 
Техниката на додавање со две раце од подлогата е слична како кај додавањето со две раце од гради, само што при оваа техника на додавање, топката се удира прецизно од подлогата за да се одбие до ученикот што треба да ја прифати топката.

ВОДЕЊЕ НА ТОПКАТА ВО КОШАРКАТА

Во зависност од висината на телото, разликуваме високо и ниско водење на топката. Ако топката се води со десната рака 
со истата се прави потискување на топката одозгора надоле кон подлогата. Левата рака  се поставува во страна полусвиткана во лактот и служи за градење на топката.





ТЕХНИКА НА ФРЛАЊЕ ТОПКА ВО КОШ ОД МЕСТО

Шутот кон кош е елемент што се применува за да се заврши нападот. Кај техниката шут на топката во кош од место, нозете треба да се во расчекорен став. Ако изведуваме шут кон кошот со десната рака, тогаш десната нога е понапред (истото важи ако ова го изведуваме со левата рака). Телото е спуштено, колената се свиткани и тежината е на предната нога. Топката се држи со двете раце свиткани во лактите и се подигнуваат малку над главата. Раката со која се изведува шутот се испружува напред, горе во правец кон кошот.

ОСНОВНА ТЕХНИКА НА ФРЛАЊЕ ТОПКА 

ВО КОШ СО СКОК ШУТ

 Техниката на фрлање топка во кош со скок шут се изведува на следниот начин: нозете се во расчекорен став колку што е широчината на рамениците и свиткани во колената. Во моментот 
кога ученикот подрипнува (се одразува), колената се исправаат и истовремено ги подига рацете со топката напред над главата. Топката се држи во десната рака (ако ученикот е левак ја држи топката со левата рака), а со левата рака ја придржува топката од страна. Оној момент кога телото ќе ја достигне највисоката точка на одразот левата рака се потргнува, а со десната се упатува топката кон кошот, при што движењето на шепата е напред и надолу.